Се реконструира Спортската сала Младост во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Започна реконструкцијата на Спортската сала Малдост во Битола. Над 15 милиони денари за внатрешното реконструирање, од трибини, преку теренот за играње и придружните содржини.

„Во Спортската сала „Младост“ веќе се работи на покрупни зафати. Во проектот за реконструкција побаравме услови за меѓународни натпревари. Во таа смисла, три реда од гледалиштето се скратени, проширен е теренот за играње, што значи сега, спортската сала „Младост“, ќе ги исполнува сите услови за меѓународни натпревари. Тоа е многу значајно за нас. Потполно ќе се промени паркетот, гледалиштето ќе се реновира, имаме набавка на 3600 седишта, од кои 20% ќе бидат резерва, а другите ќе се постават во гледалиштето. Ќе имаме нов подвижен семафор, а во следната фаза и реконструкција на соблекувалните. Вредноста е над 15 000 000 денари. Неодамна, го завршивме и проектот БИОФОС во партнерство со нашиот пријател од Грција општина Аминтео, кој се однесува на загревање на спортската сала со котел на пелети, а вредноста на тој проект е 135 000 евра. Котелот е веќе поставен, а поставена е и мини пелет линија во ЈП Комуналец. Што значи вкупната инвестиција во моментот во спортската сала изнесува над 400 000 евра“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Фирмата која ја врши реконструкцијата има род до март месец, рече Талески и посочи дека кај подот односно теренот ќе немало многу задржување бидејќи оние кои порано го работеле добро го изневилирале. А како ќе се греат? Стариот котел веке не е во функција. Со биомаса ке се заграваат. Парите странски а преку проект во кој партнери беа со грчката општина Аминтео.

Со оваа реконструкција рече тој освен домашни и мегународни натпревари ке може да с играат тука.

Share.