Се слави титулата на Вардар

0
731

Ракометарите на Вардар се европски шампиони. Во драматичен натпревар тие го победија Пари Сен Жермен со еден гол разлика.

Во натпревар чија завршница беше екстремно напрегната, Вардар успеа да го совлада ПСЖ со еден гол разлика 24:23. Победничкиот гол беше постигнат буквалнo на две секунди пред крајот.

Најдобар стрелец во Вардар беше Тимур Дибиров со седум постигнати голови. Во екипата на ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ.

За најдобар стрелец во сезоната на Лигата на шампиони беше прогласен Уве Генсхајмер, кој постигна 115 голови.

Во натпреварот за третото место, претходно, Веспрем со 34:30 заслужено ја совлада Барселона.

Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Илјадници навивачи се собрани на Плоштад Македонија да ја прослават победата на Вардар во ракометната Лига на шампиони. Се слави и со автомобили по улиците низ Скопје, откако „црвено-црните“ ја освоија првата титула европски шампион во историјата на машкиот клупски ракомет.