Се враќаат ли во мода отворените драјв-ин кина заради коронавирусот?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Коронавирусот врати назад некои стари навики, на кои повеќе подзаборавија со оглед на интензивниот развој на технологијата последните неколку децении. Но, во потрагата за идеален баланс помеѓу социјалното дистанцирање и продолжување на социјалните активности, во САД повторно се актуелизираа драјв-ин кината.

Драјв-ин кината се очекува да се голем кам бек летово, бидејќи тоа ќе биде единствениот начин најновите холивудски блокбастери да се следат на кино.

Драјв ин кината се одлични бидејќи луѓето излегуваат заедно, седат во своето возило заедно и ја имаат комоцијата исто како во нивната дневна соба, велат сопствениците. За да се обезбеди безбедноста на сите, велaт дека се прескокнува секое второ паркинг место, така што меѓу секој од автомобилите има 10 до 12 метри простор меѓу нив. Исто така може да нарачаат грицки кои ќе им бидат однесено директно до автомобилите.

Но, драјв-ин кината не се актуелни само во Америка, туку и во неколку европски земји. Меѓу нив Германија, поточно градот Есен каде голем број Германци редовно го посетуваат ова кино и уживаат во своите автомобили. Билетите се скенираат преку затворени прозорци, за да немаат контакт вработените со посетителите. Целта е им се помогне на луѓето полесно да ги пребродат овие моменти, велат тие. Во данскиот град Архус на пример, минатата недела се одржа првиот драјв-ин концерт. Околу 1800 посетители распоредени во 500 автомобили го следеа концерот во паркот Тангкрокен, а овој настан е само еден од низата кои се дел од олабавувањето на мерките. На сличен начин Данците паланираат да ги организираат и фудбалските натпревари. Околу стадионот да се распоредат 2000 автомобили кои натпреварот ќе го следат на огромни видео бима.

Исто така, некои ресторани кои останале без клиенти, барајќи нови начини за работење без да ги ставаат луѓето во опасност, се сетиле дека можат да го запазат потребното растојание и тоа да го соединат со добра исхрана, претворајќи ги нивните паркинзи во кина.

– Кога светот се затвора, ние треба да се вратиме на нашите корени за забава – објавил Клинт Гибсон, сопственик на ресторанот „БиЏи“ во Мингус, САД, најавувајќи го и „Сендлот“ како прв филм што ќе се прикажува на нивниот паркинг.

Класичното драјв-ин кино се враќа пак за време на пандемијата, пишува „Њујорк Тајмс“, но само околу 300 објекти во САД можат да го искористат овој начин за гледање филмови на голем екран. На овој начин, рестораните се обидуваат да најдат начин да ги задржат луѓето да се забавуваат и добро да се хранат.

Share.