Серијата „Кум“ што се снимаше во Битола, наскоро на Тера Тв

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Наскоро на програмата на Тера очекувајте ја руската серија Кум, базирана на вистинската животна приказна на еден руски доктор и неговата хумана мисија во Косово за време на конфликтот.

Главната улога ја толкува рускиот актер и режисер Сергеј Пускепалис, а се појавуваат и други познати актери, како Андреј Смољаков (актуелен по светскиот хит „Падот на Сталинград“), литванската актерка Северија Јанаушаускаите, Андрис Пауљевичус, канадскиот актер Тимоти Сел.

Во македонската актерска екипа се Ирена Ристиќ, Звездана Ангеловска, Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Џевдет Јашари, Тони Михајловски, Сашко Коцев, Висар Вишка, како и младите Наталија Теодосиева, Влатко Илиевски, Мартина Тапарчевска, Стефан Вујисиќ, Емра Куртишова.

Инаку најголемиот дел од серијата „Кум“ е снимен во Македонија, поточно во битолско Велушина во манастирот Св. Ѓорѓи, а останатиот дел е снимен во современ Петербург.

На режисерот Алпатов многу му се допандале локациите во Битола.

„Снимам филм за првиот канал на руската телевизија кој се вика „Кум“. Дојдовме ја погледнавме вашата земја не знаевме апсолутно никој. На почеток ни се допаѓаше многу природата која што ни одговараше на нашето сценарио, а потоа ни се допаднаа и луѓето – актерите“, изјави режисерот Тимор Алпатов, за време на снимањето во Битола.

Лајт мотивот на серијата е човечноста присутна кај главниот херој – лекар гинеколог во српско албанската војна. Серијата е прототип на животна историја во која за лекарот Алексеј Илин (Илија Алексеев) не постојат закони, а неговата човечност придонесува да им помогне на голем број христијани и муслимани.

Не ја пропуштајте руската серија „Кум“ наскоро на програмата на Тера тв.

Share.