define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Шахпаска и Кузманоски отворија нова градинка во Новаци - ТЕРА

Шахпаска и Кузманоски отворија нова градинка во Новаци

Новаци доби нова градинка .„Бамби“ официјалано во употреба денеска ја пуштија министерката за труд и социјална политика Шахпаска и градоначалникот Кузмановски. Градинката зафаќа површина од  200 метри квадратни во која ќе бидат згрижени 50 деца од општината.

„Како локална самоуправа се решивме на овој исклучителен потфат водени од мислата дека децата се нашата иднина, а ние уште од најраната возраст мора да се грижиме за нивниот развој, да подигнеме здрави и образовани индивидуи кои после нас ќе го дадат својот придонес во развојот на нашата државата.Тука секако го зедовме предвид и брзото темпо на живеење, ангажираноста на  родителите во битката за егзистенција кои имаат се помалку време целосно да им се посветат на своите деца, да им ги обезбедат сите услови за игра и правилен развој.Се одлучивме комплетно и комплексно да го решиме прашањето со згрижување на нашите деца и затоа од 2016 година до денес интензивно вложувавме за денес да го имаме ова прекрасно катче со сите услови за престој на децата и вработените. Знаевме дека на жителите од општината им недостига претшколска установа, зошто функционирање на Центарот за ран детски развој целосно не ги задоволува потребите на нашите граѓани.Во вистински момент креиравме место за квалитетно воспитување и претшколско образование на нашите деца, место за учење, за дружба и игра, зошто сите знаеме дека уште во градинка детето се стекнува со вредности како што се почитта, толеранцијата, чесноста, хуманоста и секако, љубовта.Со ова покажавме дека сме на вистинскиот пат за подобрување на социјалната заштита во Општина Новаци. Докажавме дека и овој пат сме лидер меѓу руралните општини во државата“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Вложувањето во раниот детски развој во предучилишното образование кое што се одвива во градаинките претставува приуритет на Министерството за труд и социјална политика, потенцираше министерката Шахпаска. Градинката Бамби во Новаци  е првата градинка која што е отворена во Новата година.

 „За нас секое дете е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или руралните средини. Владата на РСМ останува на планираната проекција до крајот на мандатот, до 2024 година, 60% од децата во државата да бидат вклучени во процесот на воспитание и образование во предучилишните установи, рече министерката Јагода Шахпаска.

9,5 милиони денари беа потрошени за изградаба на градинката. Од нив од буџетот на Општина Новаци  и Министерството за труд и социјална политика се издвоени 7.000.000 денари, додека пак 2.500.000 денари, се средства обезбедни преку проектот- „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини-Агрочејн, со што како што рече градоначалникот Кузманоски, обезбедиле ефикасен и еколошки систем за загревање на градинката.

Сподели