Шест лица загинаа во пожарот во Гринфил тауер во Лондон

0
535

Шест лица загинаа во пожар, што изби во зграда од 24 ката во Лондон, соопшти полицијата.

– Засега можам да потврдам за шест смртни случаи, но таа цифра најверојатно ќе се зголемува, изјави Стујарт Канди од Метрополитен полицијата.

Пожарникарите се уште се борат со пожарот, кој изби по полноќ во зградата што се наоѓа во западен Лондон.

Најмалку 50 луѓе се повредени во пожарот.

Стабилноста на зградата во која има 120 станови, ја проверува инженер, соопшти пожарникарската бригада, со напомена дека сега зградата е безбедна и пожарникарите може да влезат во неа и да спасуваат животи.

Комесарот на Лондонската противпожарна бригада Дени Котон вели дека пожарникарите успеале да стигнат до 19. и 20. кат од зградата, која е позната како Гринфил тауер.