Шестмина пратеници oд СДСМ стануваат министри, кои ќе бидат новите пратеници?

0
942

Од пратениците на СДСМ, шестмина влегуваат во извршната власт. На нивно место во законодавната власт влегуваат наредните од листите за пратеници во Собранието.

Дамјан Манчевски станува министер за информатичко општество и админиустрација, а на листата на коалицијата на СДСМ во првата избора единица на наредното, 11-то место е Лилјана Поповска од ДОМ. Од истата изборна едници Рената Дескоска е кандидатка за министерка за образование и наука, па на нејзино место би дошла Никица Корубин од ЛДП.

Од втората изборна единица Оливер Спасовски е кандидат за министер за внатрешни работи, а следниот од листата за пратеници е Мирослав Јовановиќ.

Од ИЕ3 Љупчо Николовски е кандидат за министер за земјоделство, а во Собранието ќе влезе Славица Шуманска – Митева.

Од листата на ИЕ4, Зоран Заев ќе стане нов премиер, а Сашко Атанасов станува пратеник.

Радмила Шекеринска стана пратеничка од ИЕ5, а сега е кандидатка за министерка за одбрана, па на нејзино место во Собранието ќе влезе Бети Рабаџиевска – Наумовска.