Шпанското обвинителство бара затвор за осум бивши министри

0
232

Шпанското обвинителство побара затвор за осум члена на сменетата сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, пренесе Би-би-си.

Ова е соопштено од Врховниот суд на Шпанија, во кој тие беа сослушани.

Како што е наведено, побарано е министерот Санти Вила, кој поднесе оставка пред парламентот во Каталонија да прогласи независност во петокот, да се ослободи со кауција од 50.000 евра.

Сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон и четворица министри одбија да се појават пред судот во Мадрид, и останаа во Белгија.

Девет членови на поранешната каталонска влада сведочеа денес пред судот по обвиненијата за побуна и злоупотреба на јавните фондови.

www.mkd.mk