Штетните објави ќе бидат обележани на Фејсбук

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 „Фејсбук“ соопшти дека ќе започне да ги обележува потенцијално штетните објави на својата мрежа, кои, сепак, ќе ги остави заради нивната важност за јавноста.

Kомпанијата е под притисок да ја ограничи содржина на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами во кои се опишуваат различни групи врз основа на раса и имиграциски статус, како заканa.

Исто така ќе ја отстрани содржината, дури и ако е објавена од политичар, ако процени дека поттикнува насилство или врши притисок врз гласањето. 

Share.