Што значат Рамазанските пости!

0
1126

Рамазан е месец на простувањето, покајувањето и милосрдието, можност муслиманите да станат сочуствителни со луѓето кои имаат потреба од помош, доброволно лишувајќи се од храна и вода.

Секој правоверен, кој ќе ги почитува постите, не треба да јаде, ниту да пие од изгрејсонце до зајдисонце. Во тоа време треба да се воздржува и од сексуални контакти.

Над 1,5 милијарда верници од цел свет во текот на следниот месец планираат да ги спроведуваат постите, пракса што се смета за еден од столбовите на исламот. Од оваа обврска, меѓутоа, ослободени се патниците, воините, возрасните и болните луѓе, бремените и жените кои  дојат.

За рамазанските пости во разговарвме со битолскиот муфтија Амит Расими.