Силен дожд и грмотевици во Битола

0
1572

фото: Димитар Петковски

Синоќа и Битола беше зафатена од краткотрајно невреме, проследено со силен дожд и електрични празнења.

Во Битола наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен.

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи вчера беа зафатени  и охридско-преспанскиот регион, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а подоцна нестабилно беше во скопската котлина особено во источниот дел.

Од нестабилност во форма на посилно невреме околу 22 часот беа зафатени Велес и Свети Николе, а потоа оваа маса се преместуваше кон кумановско-липковскиот регион и во доцните ноќни часови кон североисточниот дел од земјава.

Кон раните утрински часови нестабилно беше во источните делови, а утрово локален пороен дожд со грмежи имаше околу Радовиш и Валандово.

Попладнево облачноста постепено ќе се намалува.