Силен отпор и тесен пораз на Еурофарм Пелистер 2 во Автокоманда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еурофарм Пелистер 2 со одлична партија, но и тесен пораз од Металург ја отвори новата сезона во македонската Суперлига. По голема борба победата ја однесе Металург, кој славеше со 25-21 (11-11). Металург настапи без Рниќ, Потиќ, Поповиќ, Вујовиќ и Додиќ, но до победа дојде благодарение на последната фаза на натпреварот и подобрата игра во одбрана.

Серафимов со седум гола беше најефикасен кај Металург, Тарабокиа постигна четири, а Канкараш беше автор на три гола. Кај Еурофарм Пелистер 2 блескаше Ивановски на голот, а најефикасни беа Талевски со седум и Петровски со пет погодоци. Веќе в понеделник во второто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Работнички во рамките од второто коло.

Металург – Еурофарм Пелистер 2 25-21 (11-11)

Спортска сала Автокоманда – Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Share.