Силен земјотрес го погоди островот Родос

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Земјотрес со јачина од 5,3 степени синоќа околу 20.43 часот по локално време го погоди грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје северисточно од Родос.

Нема извештаи за жртви или за предизвикана материјална штета.

Претходно земјотрес со јачина од 4,4 степени беше регистриран во Егејското море, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри југозападно од островот Касос, а од Атина е оддалечен 401 километар.

Share.