Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ги погоди Грција и Турција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според „Си-ен-ен Турк“, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул.

Во тек е потрагата по исчезнатите во срушените згради. По земјотресот, имало и неколку потреси, конкретно шест, од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Турските медиуми известуваат дека има повеќе оштетени објекти во Измир, а телевизијата ТРТ прикажа снимки од урната зграда во градот и извести за паника на улиците во текот на потресот. Според досегашните информации, прекинати биле телефонските линии. Гувернерот на Измир во интевју за ТРТ изјави дека досега не може да се дадат точни информации за жртви и штети.

Потресот се почувствувал и во Грција. Особено е погоден островот Самос, каде, според медиумски извештаи, има оштетени објекти.

Share.