Силен земјотрес во Турција

0
942

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен по Рихтер ја погоди во саботата турската покраина Маниса источно од Измир, пренесуваат медиумите, а во информациите нема податоци за штети или евентуално настрадани.

Земјотресот според CNNTurk го погодил округот Сарунханли во покраината Маниса. Керум Киник, челникот на турската Црвена полумесечина, на Twitter објави дека Центарот за координација во случаи на природни катастрофи ја проценува ситуацијата.

Според американската Геолошка служба (USGS), земјотресот се случил околу 17,53 часот по македонско време, а епицентарот на подземниот удар бил на седум километри од населбата Хелмармара, на длабочина од десет километри, а се почувствувал и во блиските поголеми градови.