Силно невреме во Словенија и Хрватска

0
1146

Невреме со силен ветер и дожд ги зафати Словенија и Хрватска.

Невремето прво го погоди јужниот дел на Словенија, а потоа и останатите делови од земјата, по што се прошири и во Хрватска.

Ветрот, на одделни места, корнеше дрвја, поради што беа затворени некои патишта, а имаше и одрони.

Во Крањ ветрот го откорна покривот на една куќа, кој потоа падна врз паркиран автомобил.

Во Марибор силниот ветер ги кршеше дрвјата и предизвика помала материјална штета.

Државните служби очекуваат во текот на денот да бидат отстранети сите дефекти.

„Јутарњи лист“ го објави предупредувањето на хрватскиот метеоролошки завод дека поради невремето се можни и поплави.