” Синиот кит” – игра што одзема животи

0
1503

Она што последниов период се зборува а и ги загрижува родителите на многу тинејџери е смртоносната онлајн-игра „Син кит“, преку која на децата им се задаваат различни предизвици, меѓу кои и да се самоповредуваат и, во крајна дистанца, да извршат самоубиство, се рашири во земјите од регионот.

Играта е достапна на интернет и претставува апликација што може лесно да се инсталира и на мобилните телефони, а цел се децата и тинејџерската популација.
Имено, детето треба да се направи профил или некој вид апликација за пристапување. Откако ќе биде одобрено, играта започнува и трае 50 дена, во чиј тек на децата им се задаваат задачи односно предизвици, кои, според опасноста, градациски се подредени. Поканите за приклучување на играта со линк за регистрација, се испраќаат и преку пораки на социјалните мрежи. Инструкциите се добиваат на англиски јазик.

Задачите се различни, во првите се бара децата да гледаат хорор-филм, да се будат среде ноќ со некоја песна, понатаму се редат барања за самоповредување, со цртање „син кит“ или пишување букви со жилет по делови од телото, најчесто рацете. Последниот предизвик е ист за сите, да извршат самоубиство.

Играта потекнува од Русија и според тоа што го наведуваат тамошните медиуми, „Синиот кит“ се поврзува со смртта на 130 руски тинејџери. Набргу таа се прошири и во Европа, случаи на самоповредување биле регистрирани и во Шпанија и во Велика Британија, а во текот на изминативе десетина дена неколку биле забележани и во Хрватска, досега два случаја, и еден случај во Србија. Во Македонија нема засега евидентирано таков случај.

Играта „Син кит“ не е единствена што досега се ширела во сајбер-просторот, како во регионот така и во Европа и во светот. Пред околу две години, се појави видеоигра што ги тераше децата да бегаат од дома. Таков случај беше забележан и во Хрватска. А исто така актуелни се и т.н паметни играчки како куклата шпион која е примамлива бидејќи зборува а и гледа сè што правите дома.

Покрај овие игри и играчка се советуваат родителите да ги знаат лозинките на сите профили на социјалните мрежи и други апликации каде што нивните деца имаат креирано профил. Да им покжат интерес за игрите кои ги играат нивните деца со цел да можат да видат што се бара во играта, јазикот на комуникација што се користи итн. – советуваат од ИТ компаниите .