Сите избирачки места беа навреме отворени

0
337

Граѓанската асоцијација МОСТ која го следи изборниот процес во  вториот изборен круг  на терен ќе им повеќе од 1.000 набљудувачи.

Тие  одржаа прес конференција на која  првично јавија дека не се  забележани неправилности  и сите избирачки места се отворени навреме.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 45 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.
Дополнително, 35 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.