define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Сите тестови на ковид-19 се негативни, утре изутрина првиот тренинг во Каиро - ТЕРА

Сите тестови на ковид-19 се негативни, утре изутрина првиот тренинг во Каиро

Македонската експедиција во Египет e комплетно ковид-нагaтивна. Сите брзи тестови што биле извршени врз делегацијата, стручниот штаб и ракометарите биле негативни, по што „црвено-жолтите“ се упатиле во хотелот во Каиро.

Веднаш при пристигнувањето врз репрезентациите се вршат брзи тестови, а по пристигнувањето во хотелот следи и ПЦР тестирање. Иако првите резултати се негативни, сепак, ракометарите мора да бидат во карантин до утре наутро. Во 10:00 часот е закажан тренингот така што тогаш ќе можат да ги напуштат хотелските соби.

Селекторот, Данило Брестовац и неговите момци ќе имаат кратко време за адатапција на новите климатски услови, но и кратко време за подготовка за средбата против Шведска, прва на шампионатот.

Сподели