СЈО бара притвор за Груевски

0
1143

СЈО бара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа-Милевски, како и за други поранешни функционери.

Седумнаесет обвиненија за 18 предмети ќе бидат поднесени против 94 луѓе и седум правни лица, најави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Предметите Тврдина и Таргет за незаконското прислушување се споени во едно обвинение.

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими и за Исмет Гури, член на општинската изборна комисија за општина Чаир.

Ејуп Аљими и Исмет Гури се обвинети за кривичното дело „уништување на изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО.

Сите предмети треба да се процесуираат по итна постапка, а судот во рок од 24 часа да почне да решава за нив.