СЈО се приклучува на работната група за следење на комуникациите

0
329

Специјалното јавно обвинителство станува дел од работната група за следење на комуникациите за имплентирање на препораките на Прибе, ова беше усвоено на владината седница со дополнување на одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките.

Според владата, оваа одлука е донесена откако е увидена потребата во работната група да бидат вклучени и претставници од Специјалното јавно обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.

Пред вклучувањето на СЈО, владата формираше работна група за изготвување и следење на имплементација на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015- та година. За претседател е именуван Сиљан Аврамовски од Министерството за внатрешни работи.