Скопјани се на улица по последниот силен земјотрес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Скопјани се на улица. Сите се плашат да се вратат дома. Денеска граѓаните на Скопје по втор пат почувствуваа силен земјотрес – утрово со интензитет од 4,4 степени, во 15,10 часот уште посилен со интензитет од 5,3 степени. Земјотресот беше почувствуван речиси во цела Македонија и во Србија и Косово.

Паднати чаши, паднати слики, пукнатини по зградите… ова се првите информации за штетите од вториот земјотрес со епицентар во Скопско.

timthumb-php

Поради силниот земјотрес беше евакуиран трговскиот центар Капитол мол во скопската населба Аеродром.

Епицентарот на вториот земјотрес исто така бил во Скопското епицентрално подрачје.

Според европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.

По утринскиот земјотрес, во Скопје биле почувствувани уште два помали потреси од 3,9 и 2,8 степени по Рихтер.

Последниот земјотрес беше почувствуван и во Битола.

Share.