Скопје и Белград се договорија да ги повлечат разузнавачите од амбасадите

0
487

Дипломатот и разузнавач Горан Живаљевиќ и неговата колешка Ирена Бужаровска ќе се вратат во нивните матични земји. Ова е дел од договорот на Агенцијата за разузнавање на Македонија и на Бебзедно-информативната агенција на Србија по скандалот со присуството на српскиот разузнавач во Собранието на Република Македонија за време на настаните на 27 април.

Македонското Министерство за надворешни работи не се осмели да го протера дипломатот од српската амбасада во Скопје по неговото несоодветно присуство во зградата на Собранието на 27 април. На ниво на агенции за разузнавање, договорено е взаемно повлекување на разузнавачите, дипломати, од македонската амбасада во Белград и српската амбасада во Скопје.

Освен тоа, разузнавачките агенции ја прекинуваат соработката со размена на безбедносно-дипломатски претставници. Ова значи дека привремено се суспендира договорот за соработка кој предвидува размена на претставници од безбедносно-разузнавачки профил во дипломатските претставништва во Белград и Скопје.

Од Агенцијата за разузнавање ја потврдуваат оваа информација.