Скратен списокот на репрезентативци, двајца битолчани повикани за дуелите со Финска и Швајцарија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 19 ракометари, меѓу нив и битолчаните Митревски и Кузмановски.

Повикани се шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Кукоски, Танкоски, Маџовски, Костески, Никола Маркоски и Велковски.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 4 ноември против репрезентацијата на Финска. Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на 7 ноември.

Share.