Славни личности ги бојкотираат Инстаграм и Фејсбук

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Десетици славни личности се вклучија во акцијата на еден ден да ги бојкотираат Фејсбук и Инстаграм со цел да се подигне свесноста за омразата која се шири на социјалните мрежи.

Леонардо Ди Каприо, Џејми Фокс, Саша Барон Коен, Ким Кардашиан Вест и Мајкл Б Џордан се само дел од познатите личности кои се вклучија во кампањата.

Ди Каприо соопшти дека се вклучува во акцијата на граѓански организации од САД во повикот „сите корисници на Инстаграм и Фејсбук да протестираат за засилената омраза, расизам и поткопување на демократијата преку овие платформи“.

Share.