Следната недела пресуда за Ратко Младиќ

0
383

Следната недела Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ќе донесе пресуда за Ратко Младиќ, поранешниот генерал на босанските Срби обвинет за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства, вклучувајќи ја и опсадата на Сараево.

Неговото евентуално прогласување за виновен на 22 ноеември би требало да им донесе „некакво лично задоволство на преживеаните“, пишува Ројтерс, иако нема да ги залечи длабоките трауми и сѐ уште големиот јаз на поделби.

„За повеќето Срби тој ќе остане јунак, за останатите и понатаму ќе биде крвник и злосторник, а ние и понатаму ќе живееме секој на својата страна, едни покрај други и никогаш заедно“, вели еден од преживеаните жителите на Сребреница за Ројтерс. „Го носиме товарот на страшното злосторство кое ги оптоварува меѓународните односи“.