Сликај, постирај, алармирај

0
1889

Подигнување на свеста кај граѓаните за штетното влијание од загадувањето на воздухот со ПМ честичките, идентификација на аерозагадувачите во непосредната околина на живеење и алармирање на надлежните институции и пошироката јабвност во градот,  е целта на проектот „Сликај, постирај и алармирај“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивилика мобилитес. Синоќа го започнаа проектот со едукативно предавање,  ги запознаа присутните, и ги повикаа граѓаните да се вклучат во нивниот проект.

-Ги повикуваме сите граѓани на Битола во наредните три меасеци кога градот е со енормно загаден воздух со ПМ честички активно да се вклучат во идентификувањето на аерозагадувачите во градот на следниот начин: Со помош на апликација преку мобилен телефон, граѓаните ќе можат да сликаат одреден загадувач и истата ја поставуваат на нашата фејзбук група. Со помош на овие кординати се изработува интерактивна карта на загадувачи кој ќе ги алармира надлежните институции во врска со загадувањето. Дополнително со мобилни детектори ќе бидат спроведени мерења на ПМ честичките на различни локации во градот. Резултатите од мерењата во форма на географска карта и статистички податоци ќе бидат споделени со јавноста“, изјави Мите Ристов, претседател на „Геосфера“.


Во едукативното предавање „ПМ честичките во воздухот- континуиран убиец на сите нас се вклучија и проефесорите и наставниците по географија од училиштата во Битола.