Словенија и Хрватска ќе продолжат да работат за зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ

0
403

Словенија и Хрватска најавија дека ќе продолжат да работат за зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со што би се придонело за зајакнување на довербата и стабилноста во регионот, јави словенечката агенција СТА.

Словенија го поддржива процесот на проширување (на унијата) и јасно е дека регионот веќе и припаѓа на ЕУ.

Сепак, потребно е државите од Западен Балкан да ги спроведат реформите, да изградат институции, да го зајакнат владеењето на правото и да се справат со корупцијата и организираниот криминал, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во Брдо кај Крањ