Снег и на Пелистер

0
1523

Времето утре изутрина свежо, во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер. Утринските температури од 0 до 8, дневните од 15 до 21 степен.

И во петок ќе биде суво и уште потопло преку денот.

Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има во сабота.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.

Ова се фотографии од снегот на Пелистер поставени на фејзбук страницата Golemo Ezero.