Снег на Баба планина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Снег врне на Баба планина. Оваа фотографија е направена од камерата на Ски центарот на „Стрежево“ кај Нижеполе.

Метеоролозите за денеска попладне прогнозираа слаб снег, особено во западните и северните делови на планините.

Времето утре сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

 

Share.