Со Љубојна заврши Локум Фест

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Овогодинешниот „Локум Фест“, кој се случуваше во пациото на Завод и музеј – Битола, го затвори етно групата „Љубојна“. Иако поради протоколите за организирање музички настани публиката беше во органичен број, Вера Милошевска Јосифовска заедно со нејзината група Љубојна направија уникатен концерт за уживање на присутните.

Се изведоа голем дел од нивните популарни постари песни, а промовираа и дел од нивните нови песни.

На изненадување на публиката, како што кажа Јосифовска, си оствари една нејзина желба, а тоа беше некој од публиката да застане до неа на сцената и заедно да отпеат песна. Таа на сцената го повика Кире Божиновски – Катангата.

После концертот, тој на својот Фејзбук профил се заблагодари за тој гест од страна на Вера Милошевска Јосифовска и групата Љубојна.

Инаку ова издание на Локум Фест беше 14 по ред, а до сега на него настапиле 68 ансамбли од 20 земји. Од организација најавија дека в година, 15 издание на Локум Фест ќе го отвори познатиот Македонски гитарист Влатко Стефановски.

Share.