Во училиште во париското предградие Абервил во Франција со нож била нападната наставничка. Засега нема информации за нејзината здравствена состојба. Според Јавниот обвинител, кој извршил увид, во момент кога наставничката се подготвувала за час, ја нападнал маж кој извикувал ова е Исламска држава, ова е предупредување.
Според првичните информации напаѓачот и нанел тешки повреди на наставничката со ножици.
Инаку во Франција нивото на мерки на безбедност е се уште на високо ниво по терористичките напади на 13 ноември, кога загинаа 130 луѓе.