Со „Патеки“ почна 12-то издание на фестивалот Музика од светот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Каков би бил светот ако актерите онемат, музиката замолкне, ако уметниците се откажат од себе, а публиката од уметниците, ако ги исклучиме рефлекторите… Не јас не верувам во таков свет, вели Маја Андоновска-Илијевски директорка на Центарот за култура за синоќешното отворање на фестивалот на музика од светот.
„Ние сме родени со друга цел. Духовно да го обојуваме светот, да дадеме виножито на тмурен ден и да го најавиме сонцето кое треба силно да го осветлува нашиот пат. Да тоа сме ние, уметници на светот, патници намерници, сонувачи. Така било со векови… Така ќе биде со векови… Денес на оваа античка локација, на патот Вија Егнација, се прошетавме низ целиот свет, и говоревме на најуниверзалниот јазик кој зближува, обединува и раѓа љубов… Убавиот збор и музиката… Уживајте во 12 издание на фестивалот на музика од светот, со нашите е а светски уметници кои јас ги прогласувам за херои кои се борат уметноста да остане силна и во ова невреме од време… Јас вечерва сакам да се заблагодарам на моите сонувачи, и на сите чувари на соништата кои се втурнаа во оваа убава авантура, и стојат зад сите нас…Благодарам на Министерство за култура, Општина Битола, и сите спонзори и поддржувачи“ рече Андоновска-Илијевски.
„Патеки“ беше перформансот со кој започна синоќа 12-то издание на фестивалот.
фото: Центар за култура-Битола
Share.