Собранието се поднови, седум нови пратеници

0
354

Од вчера Собранието има седум нови пратеници на местото на пратниците кои станаа или се кандидираа за градоначалници.

Пратеничката група на СДСМ има четири нови имиња на местата на избраните градоначалници – Петре Шилегов (Скопје), Стефан Богоев (Карпош), Максим Димитриевски (Куманово), Сашо Поцков (Гевгелија) и Коста Јаневски (Струмица). Нови пратеници се Татјана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов.

Движењето Беса има двајца – Биљал Касами, не победи на изборите во Тетово, но по неговата оставка од пратеничкото место на негово место дојде Неџбедин Кареманин, а Реџеп Мемеди го наследи Зеќирија Ибрахими.

Од ДПА има еден нов пратеник – Бардиљ Даути не стана градоначалник на Тетово, па во Собранието влезе Мерал Узеири Ферати.

Се чека и замената на двајцата нови градоначалници од вториот круг, поранешните пратеници Благој Бочварски од СДСМ кој стана градоначалник на Штип и Курто Дудуш исто така од листата на СДСМ кој стана градоначалник на Шуто Оризари.

www.mkd.mk