„Соколи“ од Гњилане го запалија македонското знаме

0
624

Навивачката група „Соколи” на фудбалски клуб од Гњилане, Косово, синоќа по пресудите на Основниот суд Скопје за случајот Диво Насеље, го запалија македонското знаме.

„Во знак на револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа”, порачаа „Соколи“.

www.mkd.mk