Солун влезе во црвената зона, властите најавија поголеми рестрикции

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Солун  влезе во црвената зона, рече премиерот Кирјакос Мицотакис, кој денеска ќе објави итни мерки за борба против вториот бран на ковид-19, кои ќе бидат во сила најмалку еден месец.

Рестораните и кафулињата се затвораат во Солун, а спортските и културните настани се откажуваат.

Ќе бидат разгледани и други мерки за ограничување на движењето, рече заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Освен Солун, кој има близу еден милион жители, во црвената зона се и градот Лариса, во центарот на земјата, како и регионалната единица Родоп на северо-исток, рече премиерот на владиниот состанок.

Share.