„Солза и Смеа“ ја снимија својата прва ТВ серија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синоќа „падна“ последната клапа од снимањето на новата ТВ серија на Солза и Смеа, насловена „(Не)пријател“ Серијата започна да се снима во март, а заврши на крајот на јуни, со голема пауза, поради пандемијата од Ковид – 19.


Планираат да има 10 епизоди, а режисерот Димитровски истакна дека во игра се неколку телевизии каде ќе се емитува, а една од нив е Тера ТВ.


Димитровски посочи дека на серијата работела екипа од 30 луѓе, се заблагодари до сите, како и до шминкерката Ајтен, која како што рече била вистинскиот избор.


„И покрај најголемиот проблем со корона кризата, направивме успешен проект“, истакна продуцентот Михајловски.


„Во Битола постои екипа која знае да прави професионални работи“, додаде Михајловски.


Серијата „(Не)пријател“, би требало да биде готова и спремна за емитување во септември.


Најголемиот дел од серијата „(Не)пријател“ е снимен во вила, а се снимаше и на останати екстериерни и ентериерни локации во Битола.

Share.