Сончево и многу топло, попладне со дожд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во попладневните и вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови (за околу 5 степени), а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу топло, така што ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени.

Во Битола дневната до 34 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително  опаѓање на температурата уште за околу 10 степени и ќе се движи од 21 до 29 степени.

Потоа од вторник ќе има стабилизрање на времето со постепено покачување на температурата.

Share.