Сончево и многу топло, во Битола до 35 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од јужен и југозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Битола денеска до 35 степени.

Од утре до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер. Петок и сабота максималните дневни температури ќе достигнат и до 42 степени.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата.

Share.