Сончево, топло, со температури до 36 степени

0
395

Сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, е временската прогноза за денеска. Попладне можна е локална појава на краткотраен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури денеска ќе достигнат и до 36 Целзиусови степени: Скопје 33, Маврово 27, Охрид 30, Битола 32, Кавадарци 34, Крива Паланка 30, Берово 29, Гевгелија 36…

И утре времето ќе биде сончево и топло, со температури од 30 до 37 степени и УВ индекс 9.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд во западните делови од земјата и дневни температури од 30 до 38 степени.

В недела пак ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 31 до 38 степени.