Сончево време со мала до умерена облачност

0
313

Сончево со мала до умерена облачност, преку денот малку потопло. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени.

 

Утре преку денот облачноста ќе се намали, па од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата.