Сончево време, во Битола до 26 степени

0
452

Сончево и топло за овој дел од годината со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури од 3 до 12, а максималните од 24 до 28 степени.

Во Битола сончево со температура до 26 степени.

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Преодно наоблачување ќе има во петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.