ТЕРА

REKLAMA???

Сопственикот на куќата на ул Гостивар вели реконструира станбен објект

Сопственикот на објектот на улица Гостивар кадешто се извршуваат градежни работи демантира дека со реконструкцијата што ја извршува се подготвува за изградба на хостел, а ги негира и иформациите што ТЕРА ги објави во едно од своите изданија на Актуел, дека излегол од габаритот, дека има прозорци веднаш до околните куќи и дека со тоа комплетно ја нарушува нивната приватност.

Сопственикот на објектот во својата денешна реакција вели неточни се  информациите дека,  цит. : „Јас како сегашен сопственик на недвижниот имот кој се наоѓа во Битола на улицата Гостивар сум извршил измени на изгледот на куќата, а со тоа сум направил некаква штета на соседите, како и тоа дека ваквите градежни активности ги вршам без потребна дозвола и дека објектот ќе обавува дејност како „Хостел“.

Објаснува , дека правото на сопственост на предметниот објект го има стекнато на законски начин, со договор за купопродажба на недвижен имот заведен на нотар во 2024 година, во состојба на веќе изграден објект – карабина, во која истиот постоел во моментот на продажбата повеќе од 20 години.

„Од моја страна како нов сопственик на објектот не се преземени никакви градежни зактивности, ниту пак се извршени измени со кои би се променил изгледот на објектот од онаа состојба во која бил изграден од претходниот сопственик и се наоѓал со години уназад. Дополнително за предметниот објект постои соодветно Одобрени за градење од Општина Битола, со прилог документација, со кое се потврдува дека објекто е изграден и постои согласно важечките урбанистички прописи, а малтарењето на надворешниот дел од објектот кој претходно постоел не е никакво противзаконско дејствие. “

Оттука, „категорично се демантираат наводите дека сум извршил било какви промени на објектот, со што би причинил штета на околните соседи, се демантираат тврдењата дека станбениот објект во иднина ќе обавува дејност како „Хостел“ и дека сите градежни активности се преземени незаконски и без потребни дозволи од надлежни органи.“ – стои во денешната реакција на сопственикот на куќата на улица Гостиварска во Битола кадешто се извршуваат градежни работи.