Состојба на катастрофа прогласена во австралиската држава Викторија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во австралиската држава Викторија денеска е прогласена состојба на катастрофа, а локалните власти воведуваат полициски час во текот на ноќта како најтешка, анти-епидемиска вонредна мерка досега.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, изјави дека итните мерки ќе бидат во сила шест недели, до средината на септември, и оти за тој период само еден член на домаќинството ќе има одобрение да оди да купува еднаш дневно.

На граѓаните на Мелбурн во тој период нема да им биде дозволено да се оддалечуваат повеќе од пет километри од нивните домови.

Здравствените власти соопшти дека денеска регистрирале нови 671 случаи на зараза, како и седум починати од ковид-19.

 

Share.