Сотировски, Саздовски и Еминовиќ на „Интерфест“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тројцата македонски уметници, Зоран Сотировски, тенор, Владимир Саздовски, бас и Иван Еминовиќ на пијано, изведоа неколку дела, од повеќе композитори.

Пијанистот Иван Еминовиќ од почетоците на неговата кариера, бил дел од „Интерфест“, преку пијано натпреварот.

На 29. издание на Фестивалот за класична музика „Интерфест“ во Битола. Тенорот Зоран Сотиров, кој е носител на водечките тенорски улоги на сцената на Македонската опера и балет, посочи дека паметел убави времиња во Битола, кога тука се случувала опера, потенцираше на амбиентот во Хераклеја.

Владимир Саздовски, дипломирал музички факултет во Софија, а магистрирал во класата на проф. Борис Трајанов. Неговата музичка кариера изобилува со настапи низ повеќе држави низ светот. Корона вирусот го спречи да отиде на Миланска скала. Прашавме колку короната им го смена начинот на функционирање.

Тој исто така настапувал и во Токио. Вели дека не може да се прави споредба помеѓу Јапонија и Италија, но се надева дека еден ден, класичната музика во Македонија ќе стане секојдневие.

Овој концерт се случуваше во концертната сала, при НУ Завод и Музеј – Битола.

Share.