Спасовски го покажа „мерцедесот“ на Груевски од 600 илјади евра

0
3382

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги отвори на вратите на „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра кој го купи претходната Влада.

„Она што го ветив како министер во техничката влада дека кога ќе се формира нова реформска влада на Република Македонија беше дека ќе го покажеме тоа на „М“ што беше во проектот „Вистината за Македониј“, мерцедесот „С“ од 600 илјади евра набавен од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кој што го криеја во гаражите на владата, далеку од очите на јавноста“, изјави Спасовски.

Тој додаде дека автомобилот од 600 илјади евра е купен во време кога многу граѓани  немаат пари за леб и не можат да замислат да имаат просечно возило, а некој се луксузирал. Исто така, како што рече, полицијата нема униформи и основни услови за работа, а МВР имаше храброст да купи толку скапо возило и тоа со специјална нарачка.

Тој рече дека го покажуваат онаков каков што е оставен во гаражата на владата, валкан и неуреден.Додаде дека  „мерцедесот“ има поминато 57 илјади километри, а најчеста релација му била до Пробиштип, односно до оваа десетинација се патувало 4-5 пати месечно.

Спасовски посочи и  дека гумите треба да се менуваат на 15 илјади километри, а бидејќи тие се отпорни на огнено оружје, четири гуми за ова возило чинат над 20.000 евра.

Премиерот Зоран Заев, пред неколку дена на прес конференција објави дека возилото марка „мерцедес“ кое било набавено за 580 илјади евра е оштетено во надворешноста, но и внатрешноста.

Заев, најави дека ова возило ќе се користи за пречек на странски делегации кои ќе ја посетуваат земјава.

Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски. На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година,