Спречени судири во Белград меѓу собири за Сребреница

0
506

Српската полиција го подели главниот плоштад во Белград во понеделникот за да спречи судири меѓу две групи кои протестираа околу масакрот врз илјадници босански муслимани во Сребреница за време војната во Босна и Херцеговина. На една страна беа претставници на „Организацијата исчезнати Срби“ кои се обидоа да презентираат список на срби кои биле убиени во околината на Сребреница. Оваа група одбива да прифати дека српските сили извршиле геноцид во Сребреница во 1995 година. На друга страна на плоштадот беа активистите на „Жени во црно“, една од неколкуте организации во Србија која инсистира да се признае геноцидот во Сребреница.

www.slobodnaevropa.mk