Србија нема да го признае Косово за да се зачлени во ЕУ

0
254

Полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата, изјави во Буенос Аирес српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

– Ние сакаме договор, сакаме праведно и трајно решение, но нема никогаш да ги признаеме едностраните акти, па дури ни по цена да влеземе во ЕУ. На пријателите кои ни помагаат во сето тоа, во смисла на политичка поддршка за нашите ставови, им должиме голема благодарност, а меѓу нив ја вбројувам и Аргентина, како еден од најзначајните партнери за Србија, нагласи Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија изјави дека односот и соработката меѓу Србија и Аргентина биле одржувани дури и кога Белград минувал низ тежок период.

Според Дачиќ, од посебно значење за Србија е поддршката која Аргентина и ја дава во настојувањето да го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет.