Србија враќа дел од рестриктивните мерки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Српскиот Кризен штаб за Kовид-19 денеска ќе одлучува дали ќе се вратат дел од рестриктивните мерки во неколку градови, откако бројот на заразени нагло порасна.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера најави дека рестриктивните мерки веројатно ќе бидат воведени во одредени региони и градови, но тоа нема да бидат целосни забрани за движење или собирање, како во време на вонредната состојба.

Таа потсети дека засега се воведени вонредни состојби во Нови Пазар, Крагуевац, Ужице и Врање.

Според податоците, најмногу заразени лица има во Белград и тоа е претежно помладата популација, поради што Брнабиќ најави најверојатно ќе се затворат ноќните клубови и ќе има ограничувања за работа на рестораните.

Директорката Заводот за здравствена заштита на студентите од Белград изјави дека четвртина од заразените се од студентските домови, односно дека досега 210 се позитивни на коронавирус.

Share.