Србинот Малешевиќ дојде, Американецот Мартин замина од КК Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од денес нов член на КК Пелистер е искусното крило Никола Малешевиќ, кој има играно за повеќе српски екипи како и тимови од Полска (Сласк и Кошалин) и од Романија (Стеауа и Волунтари). Станува збор за поранешен српски репрезентативец, кој има сребрен медал од Медитеранските игри во 2013 година, како и бронза освоена на Универзијадата истата година. Доаѓа од српскиот прволигаш Златибор, каде што ја почна актуелната сезонa, а со тимот на Металац пред пет години играше против МЗТ Скопје во АБА-лигата.

Пелистер летово ги ангажира македонските репрезентативци Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски, српскиот центар Игор Кесар и Американците Џалил Абдул Басит и Вилијамс. Новата сезона почнува следниот викенд, а во првото коло Пелистер гостува во Гевгелија против Кожув.

Share.